Тачи му додели орден на Трамп и го покани да го посети Косово

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи му го додели највисокото државно одликување на Република Косово, Орденот на слободата, на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп и воедно го покани во најскоро време да ја посети земјата.

Канцеларијата на Тачи го објави неговото писмо упатено до американскиот претседател, во кое се наведува дека орденот на Трамп му се доделува за неговиот „придонес за слободата на Косово и за јакнењето на мирот и стабилноста во регионот“.

Во писмото се наведува дека договорот за економска нормализација меѓу Косово и Србија, кој на 4 септември беше потпишан во Белата куќа во Вашингтон, „не би бил возможен без силното лидерство на САД“ и на претседателот Трамп.

– Сакам да ја изразам мојата длабока благодарност за Вашиот личен придонес во постигнувањето на договорот за економска нормализација меѓу Косово и Србија. Овој договор претставува напредок од извонредно значење за затворањето на вековниот конфликт меѓу нашите народи. По децении на блокади и стагнации во преговорите, благодарение на вашето храбро лидерство го постигнавме овој историски договор, му пишува Тачи на Трамп.

Косовскиот претседател истовремено ги одликува со Претседателски медал за заслуги советникот на Трамп за национална безбедност, Роберт О‘Брајан и специјалниот пратеник за дијалогот меѓу Приштина и Белград, Ричард Гренел, за нивниот „придонес за постигнувањето на историскиот договор меѓу Косово и Србија“.

– Народот на Косово останува вечно благодарен на САД, нашиот спасител во нашите најтешки денови, кој беше и останува и натаму покрај нас, се вели во писмото на Тачи.

Тој порачува дека Косово „останува посветено на постигнување опстоен мир и долгорочна стабилност во Западен Балкан“ и дека е подготвено да придонесе за мир и безбедност во светот.

Би можело да ве интересира

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Дуда му порача на Зеленски дека треба конструктивно да соработува со Трамп

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Медиуми: Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат во Москва на 9 мај

Горан Наумовски