Тачи: Косово е симбол на победа на мирот, над судирот

Од:

Премиерот на Косово, Хачим Тачи на Светскиот саем за мир во Сеул изјави дека во Косово победи мирот, над судирот.

Тачи изјави дека говорот на самитот е посебна можност, на која може да зборува за историјата на својот народ.

Косово е победа на мирот, над судирот, доверба во добрината во однос на стравот и историјата која е започната со крвава војна на Балканот, а завршена со мир во државата и регионот од каде што доаѓам – изјави Тачи.

Оценувајќи дека косовското општество направило добар избор, Тачи рече дека Косово е создадена држава на европскиот контитент и зазема посебно место во најновата европска историја.

После неколку година ангажирање и преговори со Србија за статусот на Косово, добитник на Нобеловата награда за мир Марти Ахтисари предложи план со кој Косово ќе стане независно. Ветено ни е самоопределување во замена за гарантирани човекови права и слобода за малцинството, за вистински демократски систем за нашите граѓани – изјави Тачи.

Би можело да ве интересира

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина

Косовските Срби почнаа да се враќаат во државните институции

Во Косово уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница за издржување казна затвор од шест години

Косовската полиција заплени шверцувана стока од Македонија вредна 120.000 евра

Курти тврди дека Србија провоцира на граница, објави фотографии од движењето на војниците

Кастрати: Целосен дебакл на Курти