Тачи и Мустафа се договорија за формирање влада на Косово

Од:

Лидерите на двете најголеми партии во Косово постигнаа принципиелен договор за формирање нова влада, соопшти доцна синоќа Кабинетот на косовскиот претседател Атифете Јахјага.

Во соопштението се посочува дека лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК) и актуелен премиер Хашим Тачи и првиот човек на најголемата опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа се согласиле да формираат коалиција со цел да „ги изградат институцитте на Република Косово“.

Ваквиот договор би требало да стави крај на петмесечната политичка криза во Косово, која се закануваше да ја доведе земјата пред банкрот, бидејќи постоеше опасност пратениците да не го усвојат буџетот.

По изборите, ЛДК на Мустафа формира блок со Алијансата на иднината на Косово (ААК) на Рамуш Хардинај и со Иницијативата за Косово, кон кој подоцна се приклучи и движењето „Самоопределување“. Целта на овој блок беше отстранување на Тачи од власта, по обвинувањата за корупција во највисоките нивоа на владините институции и по меѓународната истрага за негова вмешаност во трговија со органи.

Договорот меѓу ПДК и ЛДК за формирање влада, речиси сигурно ќе значи крај на блокот на партијата на Мустафа со останатите три опозициски партии.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица