Тачи: Белград ќе го признае Косово

Од:

Се уште актуелниот премиер на Косово, Хашим Тачи е уверен дека на крајот од процесот од бриселските преговори, Белград ќе ја признае независноста на Косово.

-На крајот од целиот процес ќе имаме потполно признавање на реалноста, вклучувајќи ја и независноста на Косово, како суштински дел од балканската архитектура. Нема никакви сомнежи дека се движиме во тој правец, рече тој во интервју за „Данас“, одговарајќи на прашањето кои се неговите очекувања од наредните фази на бриселските преговори.

Тој истакна дека неговата партија како победничка на изборите, очекува да ја води Владата во наредните четири години и дека ќе ја почитува одлуката на Уставниот суд во врска со прашањето за мандат.

-Каков и да биде форматот на владата, дијалогот со соседите е суштински услов за европска интеграција. Косово успеа да воспостави јасна граница со Србија и нема никаков сомнеж дека Србија мораше да ги прифати уставните и законски рамки на Косово, како единствен законодавец на север на Косово, рече Тачи.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица