Свилановиќ: Над 400 кибернетички напади во Западен Балкан во 2017

Од:

Кибернетичката сигурност стана ново безбедносно жариште и сериозен предизвик на глобално, регионално и локално ниво, а само во земјите од Западен Балкан во 2017 година, беа пријавини 400 компјутерски напади, изјави генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) Горан Свилановиќ.

Зборувајќи на отворањето на Третата регионална конференција за координација во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам што денеска почна во Истанбул, Свилановиќ додаде дека интернентот истовремено станал една од главните алатки на современите терористички организации за пронаoѓање, регрутирање и обука на новите членови.

На конференцијата што ја отвори турскиот заменик министер за внатрешни работи Мухтерем Инче, ќе биде претставена и Студијата „Ново виртуелно бојно поле – како да се спречи радикализацијата во рамките на кибернетичката безбедност на Западен Балкан“.

Студијата ја порача РСС, а ја финансираше Европската унија и таа е всушност сеопфатен пресек и анализа на кибернетичката безбедност и радикализација на интерентот во Албанија, БиХ, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора. Во Студијата има и препораки за унапредување на безбедноста во областа на кибернетичкиот простор, надвор од тесните традиционални дефиници, со цел да се опфатат и нападите преку интерент базирани врз информации, со фокус на радикализација на интерент.

Покрај ова на Конференцијата што ја оргаизира РСС во соработка домаќинот Турција, ќе се зборува и за спречување на насилниот екстремизам и контрола на малокалибарското оружје.

РСС е еден вид меѓувладино извршно тело на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, чиј основач и полноправен член е и Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

МВР: Активно преземаме мерки за истраги и справување со „фишинг“ нападите

Каја Калас доаѓа во прва официјална посета на Балканот, Скопје не е на списокот

Горан Наумовски

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Романски хакери украле над 106 милиони евра од сметките на 708 луѓе во Европа

А1он