Светските агенции за поплавите во Србија и БиХ

Од:

Светските агенции пренесувајќи ја веста за поплавите во Србија и Босна и Херцеговина, нагласуваат дека се работи за најлоша водена стихија која што го погодила Балкан, во последните 100 години, како и дека има повеќе жртви.

Британската агенција „Ројтерс“, чиј што фотограф се наоѓа во Обреновац, пишува дека градот е под вода, која што достигна ниво од два до три метри височина, а граѓаните од кровови и балкони чекаат да бидат спасени, додека војниците се обидуваат да евакуираат стотици лица, главно жени и деца. Илјадници волонтери им се приклучија на војниците, полицајците и пожарникарите во текот на ноќта за да го одбранат Шабац, наведува „Ројтерс“.

И американската „Асошиејтед прес“ пишува дека рекордните поплави кои што се случија на Балкан, принудија десетици илјади луѓе да ги напуштат своите домови, а има и жртви.

АП раскажува како спасувачките екипи, со чамци и хеликоптери спасуваат илјадници луѓе кои што се заробени во поплавениот Обреновац и нагласува дека водата која што се зголемува и се заканува на најголемата електрана на Србија.

„Франс прес“ пишува дека во поплавите ширум Србија се евакуирани 15.000 лица, а најкритична е состојбата во Обреновац.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Големи поплави зафатија делови од Мека и Медина во Саудиска Арабија

(ВИДЕО) Силно невреме во Грција: На неколку места е прогласена вонредна состојба

Горан Наумовски

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата