Светски познати личности и спортисти повикаа да им се помогне на Србија и БиХ

Од:

Светски познати личности и спортисти повикаа да им се помогне на Србија и на Босна и Херцеговина, зафатени од катастрофални поплави.

Меѓу нив се фудбалерот Тиери Анри и британскиот музичар Џејмс Блант.

– Ве молиме, драгоцени пријатели, да им помогнете на Босна и на Србија, напишаа Тиери Анри, поранешен француски фудбалер и неговата девојка Андреја Рајачиќ, која по потекло е Србинка од Босна.

Тенисерот Новак Ѓоковиќ, донираше за настраданите 700.000 евра, кои ги доби со победата на турнирот во Рим.

Венсан Компани, капитен на новиот шампион на Англија во фудбал „Манчестер сити“ испрати 1.200 евра на Србија.

– Ја испраќам мојата најискрена поддршка за жртвите во поплавите во Србија и во БиХ, напиша на својот Твитер профил шпанската кошаркарска ѕвезда на Лос Анџелес Лекјерс По Гасол.

Би можело да ве интересира

Големи поплави зафатија делови од Мека и Медина во Саудиска Арабија

(ВИДЕО) Силно невреме во Грција: На неколку места е прогласена вонредна состојба

Горан Наумовски

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата