Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља изјави дека и покрај подобрувањето на ситуацијата на северот, провокациите на Србија нема да престанат, пренесува Коха.
Тој додаде дека српските сили ги сфаќаат како закана.
„Убедени сме дека провокациите на Србија против државата Косово нема да престанат. Во последните денови видовме мешавина од различни дестабилизирачки акции во четири северни општини под директно влијание на српската држава и претседателот Вучиќ. Влијанието дојде во форма на мобилизација, финансирање и логистичка поддршка. Покрај тоа, како закана имало и српски вооружени сили стационирани на границата. Секако, имаше влијание и од Русија, како и од криминалните организации во регионот, кои со години го злоупотребуваа северот на Косово како транспортен пункт за стока, дрога, па дури и луѓе и успеваа да заработат огромен профит. Сите овие фактори заедно го дестабилизираа не само северот на Косово, туку и целата земја“, рече Свечља.