Судот на БиХ денеска ќе ја изрече пресудата против Милорад Додик

Од:

Пред Судот на Босна и Херцеговина денеска се очекува историска пресуда за случајот против Милорад Додик, претседател на Република Српска (РС) и Милош Лукиќ, директор на Службен весник на РС.

По повеќе од една година судење, обвинетите може да бидат прогласени за виновни или ослободени од обвиненијата за организиран напад врз уставниот поредок на БиХ. Оваа пресуда не е само правен епилог, туку и важен тест за државните институции и стабилноста на земјата која повеќе од три децении го гради мирот врз темелите на Дејтонскиот мировен договор.

Доколку биде прогласен за виновен, на Додик му се заканува затворска казна до пет години, како и десетгодишна забрана да се занимава со политика.

Зошто процесот е клучен?

Обвинението, поднесено во 2023 година, ги товари Додик и Лукиќ за систематско поткопување на државната власт со донесување закони кои ја „одвојуваат“ РС од јурисдикцијата на Уставниот суд на БиХ и одбиваат да ги признаат одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница. Обвинителството на БиХ тврди дека овие закони директно го загрозиле суверенитетот на државата и го отвориле патот за де факто отцепување на РС.

Доколку Судот ја потврди вината, тоа би значело дека висок политички лидер во БиХ ќе се соочи со правни последици за напаѓање на уставниот поредок. Во спротивно, ослободителната пресуда може да предизвика критики и да се толкува како знак на судска слабост.

Од Народното собрание на РС до судницата

Сè започна во 2021 година, кога Додик, под изговор за „заштита на српските интереси“, иницираше усвојување закони со кои РС се повлекува од јурисдикцијата на државните институции, вклучително и Даночната управа и Судот на БиХ. Кулминацијата дојде во 2022 година, кога во РС беа усвоени закони со кои се отфрли пресудата на Уставниот суд на БиХ за државниот имот и се формираа „паралелни институции“.

Милош Лукиќ, како директор на Службен весник на РС, е обвинет дека овозможил спроведување на овие закони со нивното официјално објавување, и покрај одлуката на Уставниот суд на БиХ за прекин на процесот. Обвинителството тврди дека Лукиќ на тој начин „легализирал незаконски дејствија“.

Бурно судење со бојкоти и политички изјави

Судењето од самиот почеток го одбележаа низа тензии. Додик првото рочиште го нарече „циркус“ и одби да присуствува, тврдејќи дека Судот на БиХ нема јурисдикција над РС. Неговиот адвокат Горан Бубиќ ги бранеше обвинетите со политички аргументи: „Ова е обид да се казнат Србите за почитување на нивниот Устав“.

Од друга страна, Обвинителството на БиХ презентираше низа докази, меѓу кои:

Документи кои покажуваат дека законите на РС директно го прекршиле Дејтонскиот договор и го отвориле патот за отцепување.

Сведоштво на поранешниот висок претставник Валентин Инцко, кој предупреди дека Додик „си игра со оган“ и се заканува да го дестабилизира регионот.

Доказ за систематско непочитување на судските одлуки, бидејќи РС со години ги игнорираше одлуките за укинување на спорните закони.

Очите на босанската јавност и на меѓународната заедница денеска се фокусирани на Судот на БиХ, бидејќи одлуката што ќе биде донесена ќе има долгорочни последици на политичката и правната сцена на земјата.

Би можело да ве интересира

Пленковиќ: Пресудата против Додик не е правосилна, треба да се „спушти“ топката

Орбан: Политичкиот лов на вештерки против претседателот Милорад Додик

Вучиќ по средбата со Додик: Србија ќе даде се од себе да помогне да се зачува мирот

Горан Наумовски

Вучиќ: Видов солзи во очите на Додик, знам колку неправдата боли и угнетува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ: Срамната е пресуда против Милорад Додик

Горан Наумовски

Дачиќ: Ова е најголемата криза од крајот на војната, Вучиќ оди во Бања Лука