Судир меѓу турската војска и курдските бунтовници

Од:

Турската војска вчера разменила оган со курдските бунтовници во југоисточниот дел од земјата, што е еден од ретките случаи на кршење на двегодишното примирје, постигнато согласно мировниот процес меѓу властите во Анкара и Курдската работничка партија (ПКК).

Судирот се случи четири дека откако затворениот лидер на ПКК, Абдулах Оџалан изјави дека 30-годишниот бунт на оваа организација против Турција станал „неодржлив“ и ги повика своите приврзаници да одржат конгрес на кој ќе се донесе одлука за завршување на оружената борба.

– Турските вооружени сили гранатирале позиции на ПКК во областа Даглика во провинцијата Хакари, во близина на ирачката граница, како одговор на истреланите три гранати од страна на курдските бунтовници, соопшти Генералштабот на турската војска.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Oџалан: Отворен сум за преговори со владата

Ердоган: Сириските Курди или ќе го положат оружјето или ќе бидат погребани со нив

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија

ВИДЕО: Снимка од ударот на хеликоптерот во болница во Турција