Студентски протест во Бања Лука

Од:

Студенти денеска организираа протестен марш во главниот град на Република Српска со барање републичката влада да ги изгради ветените студентски домови, да се намалат таксите за настава и да се засили борбата со корупцијата и организираниот криминал, пренесоа американските медиуми.


Полицијата го забрани настанот, но не реагираше кога околу 2.000 студенти минаа по улиците на градот.

Последниот од серијата протести, што ја зафатија цела Босна и Херцеговина, е одраз на безнадежността, бидејќи младите луѓе се погласно се прашуваат за својата иднина во земја во која без работа се над 20 проценти од работоспособното население.


Студентите тврдат дека владата на Република Српска не се грижи доволно за своите граѓани и е западната во корупција, непотизам и организиран криминал.


Откако ќе дипломираат, многу млади луѓе бараат начин да ја напуштат земјата за да си побараат подобро платена работа.

Антивладините протести во Босна и Херцеговина траат веќе втора недела.


Приближно 10.000 лица вчера протестираа во Сараево, инсистирајќи федералниот парламент да престане со етничките препирки и веднаш да почне да си ја врши својата работа и да се обиде животот во етнички поделената Босна и Херцеговина да го направи подобар за сите.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина