Страшен обид за убиство на српски ракометар: Му го пресекле грлото на бензинска

Од:

Избегната голема трагедија во Република Српска, жена се обиде да го убие Никола Томиќ, ракометар на Дрина од Зворник.

– Поради немилиот настан што го потресе нашиот клуб, решивме да и се обратиме на јавноста. За жал, овојпат не зборуваме за спортски успеси или настани. На 16.4.2023 година, околу три часа по полноќ, полициски службеници од Полициската станица Зворник го привеле лицето И.Л. за обид за убиство. Нашиот ракометар Никола Томиќ беше нападнат со ладно оружје, а во таа прилика се здоби со повреди во пределот на вратот во вид на тешка расекотина. За наша среќа, ако може да се нарече среќа, по ладнокрвниот напад Никола брзо беше згрижен во болницата Зворник.

Искрено се надеваме дека надлежните институции најстрого ќе го казнат овој тип на насилничко однесување. Ова беше напад на млад и перспективен спортист, желен да игра и да се докажува, а на негово место можеше да биде секој од нас. Искрено се надеваме дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се повтори. На нашиот Никола му посакуваме брзо закрепнување и што поскоро се гледаме на теренот – стои во соопштението на клубот за кој игра Томиќ.

Ова го напиша локалниот Фактор.

– На 16.04.2023 година околу три часа по полноќ полицијата во Зворник ја лиши од слобода И.Л.од Зворник поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело убиство во обид. Полицијата соопшти дека е пријавен напад со ладно оружје врз Томиќ пред бензинска пумпа во овој град. Младиот ракометар е испратен на лекарска помош во болницата Зворник, каде му биле констатирани полесни физички повреди.

Би можело да ве интересира

Додик: Ако САД имаат право на Гренланд, тогаш Србија има право и на Република Српска

ВИДЕО: Ноќните волци на Путин учествуваа на парадата во Бања Лука

Во Република Српска 50.000 домаќинства се без струја

Горан Наумовски

Република Српска ги прекинува евроинтеграциите

Закана: Без нова источна интерконекција нема ниту Јужна интерконекција во Босна

Предраг Петровиќ

Нов тест и криза: Собранието на Српска можно е да му забрани на Милорад Додик да оди во Судот на Босна и Херцеговина

Предраг Петровиќ