Столтенберг во Белград: Одличен однос со Србија, го поддржуваме дијалогот

Од:

НАТО силно го поддржува дијалогот Белград – Приштина и сите напори што ќе резултираат со намалување на тензиите и ќе ги решат проблемите, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Тој вчера пристигна во Белград, и во интервју за телевизијата Пинк, нагласи дека НАТО има одличен дијалог со Србија и ја почитува одлуката државата да не биде дел од Алијансата.

– Силно го поддржуваме дијалогот меѓу Белград и Приштина како и сите напори што ќе резултираат со намалување на тензиите и ќе ги решат несогласувањата. Нам ни е потребно политичко решение. Тоа е дијалог што одблизу го следи ЕУ, а НАТО беше дел од иницијативата што придонесе за дијалог. Ние и понатаму го следиме дијалогот и го поддржуваме нагласи Столтенберг.

Тој потсети дека Србија „јасно рекла“ дека цел не и е да стане членка на НАТО.

– Почитуваме одлука на држава дали сака да влезе во НАТО или не сака. Имаме одличен однос со Србија и ја почитуваме нејзината одлука да не се придружи на НАТО туку да биде партнер. Тоа е добро за Србија, тоа е добро за НАТО, изјави Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

(ФОТО) Тргнаа 11 автобуси од Македонија: Поддршка за Србија

А1он