Стејт департментот ја поздрави Декларацијата на ЕУ, со која се поддржува европската перспектива на Западен Балкан

Од:

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс на својот Твитер профил ја поздрави изјавата на ЕУ за Западен Балкан по Самитот на Брдо кај Крањ.

„Ја поздравуваме изјавата на ЕУ за Западен Балкан. Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија продолжуваат да ја покажуваат својата посветеност кон реформите. Клучно е вратите на ЕУ да останат отворени за нив”, наведе портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

Лидерите на ЕУ, со согласност на лидерите на Западен Балкан, на Самитот на лидери ЕУ-Западен Балкан усвоија Декларација која недвосмислено ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан и ја потврдува нивната посветеност кон процесот на проширување базиран на „кредибилни партнерски реформи“, нагласувајќи ја важноста за зајакнување на капацитетот за интеграција и апсорпција на новите членки “од самата ЕУ.

Би можело да ве интересира

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ

Анкета на ИРИ: 43 отсто од Србите, 27 отсто од Македонците и 25 отсто од Црногорците го обвинуваат Западот за војната меѓу Русија и Украина.

Предраг Петровиќ

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”

Џафери на Конференцијата во Тирана: Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

О’Брајaн: Граѓаните ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго