Стејт департментот издаде извештај за производството и шверцот на наркотици во Албанија

Од:

Албанија е значаен извор на марихуана и дестинација за транспорт на хероин и кокаин за европските пазари, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент за борба со наркотиците во светот, што му е предаден на американскиот Конгрес, сооопшти агенцијата АНА-МПА.

Во документот се посочува дека во текот на 2014 година значително се зголемени количеството на запленети наркотици и бројот на апсења. Тоа се случило по засилување на соработката меѓу Албанија и регионалните партнери најмногу со италијанската полиција, а, исто така, и како резлутат на преземените акции од албанските власти за борба против производството и шверцот на наркотици, што довело до масивни операции низ целата земја.

Во извештајот се истакнува дека освен за марихуана, Албанија не е важен производител на наркотици и производи што се употребуваат како суровини за синтетички наркотици.

Албанската Влада не води статистика за употребата на наркотици. Доколку се исклучимарихуаната, употребата на други наркотици не е широко распространета.

За одбележување е дека Албанија продолжува да добива помош од САД и ЕУ за засилување на борбата со наркотици, се наведува уште во извештајот на Стејт департментот.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени