Стејт департмент: Забележливо повлекување на српските сили долж административната линија

Од:

Американскиот Стејт департмент објави дека забележале повлекување на српските воени сили долж административната линија со Косово, додавајќи дека очекуваат Србија да продолжи да ги спроведува чекорите за деескалација.

– Го надгледувавме распоредувањето на напредната српска артилерија, тенкови и механизирани пешадиски единици. Ја повикавме Србија да ги повлече силите од границата и да ги намали тензиите. Забележавме одредено повлекување на силите и материјалите долж границата со Косово од 29 септември и очекуваме Србија да продолжи со чекорите за деескалација, вклучително и натамошно повлекување на силите до или под историските норми – рече Пател.

Прашан за коментар за апсењето на осомничениот за смртта на припадникот на косовската полиција и предизвикување тензија за време на акцијата во селото Бањска, Пател рече дека Стејт департментот е запознаен со таа информација.

– Ги следиме случувањата, но нема да се мешаме во истражната постапка. Како што рековме, знаеме дека нападот бил добро координиран и испланиран и сите кои биле вклучени во планирањето и извршувањето на овој напад мора да бидат изведени пред лицето на правдата – рече Пател.

Би можело да ве интересира

Средба Вучиќ-Курти по девет месеци пауза

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Влада на Косово: Посветени сме на целосна нормализација на односите со Србија и меѓусебно признавање

Вучиќ: Нема да го екстрадираме Радоичиќ

Милан Радоичиќ пуштен на слобода

Уапсен Милан Радоичиќ

Катерина Ѓуровски