Стефановиќ: Ситуацијата во Сребреница сложена, во Белград забранети собири пред Собранието

Од:

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави денеска дека на премиерот Александар Вучиќ му е соопштено дека, според проценките, безбедносната ситуација во Сребреница е сложена, и оти на него останува да донесе одлука дали ќе оди на комеморацијата, јави Танјуг.

Стефановиќ на прес-конференција рече дека е проценето оти безбедносната ситуација во Сребреница е сложена, оти се очекуваат поголем број екстремисти, има потврда дека некои се веќе таму, а некои оти ќе дојдат денеска или утре.

Стефановиќ наведе дека во делот на медиуми во БиХ, „се емитуваат пораки на омраза кон Србите, а особено кон премиерот Вучиќ“.

– Ситуацијата зовре, и тоа го соопштивме на премиерот, рече Стефановиќ и додаде дека Вучиќ сега треба да одлучи дали ќе оди во Сребреница.

Тој исто така изјави дека сите собири кои утре се закажани пред српското Собрание се забранети.

– Министерството за внатрешни работи по безбедносните и оперативни проверки одлучи да ги забрани сите собири закажани за утре пред Парламентот.

– Ги предупредувам сите кои размислуваат сепак да дојдат оти полицијата нема да дозволи ниту да толерира какво било собирање пред Парламентот на Србија, ниту одржување собири кои се забранети, нагласи Стефановиќ.

Стефановиќ појасни дека за утре биле закажани пет собири во различни периоди кои ги најавиле Двери, Иницијативата на млади за човекови права, Здружение на семејства киднапирани и убиени од 1998 до 2000 и други.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Брнабиќ: На дневен ред на собраниската седница ќе ставиме расправа за довербата кон мене и кон Владата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 24-часовна блокада на Автокоманда во Белград

Гренел за протестите во Србија: Новата американска влада не ги поддржува оние кои насилно ја преземаат власта

А1он