Стефановиќ: Над 60.000 Албанци бараат српски пасош

Од:

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ денеска изјави дека до Србија, моментално има поднесено околу 60.000 барања на косовски Албанци за издавање на српски пасош.

– Имаме над 60.000 барања на Албанци од Косово за издавање пасош од нашата држава, изјави Стефановиќ по потпишувањето со шведскиот амбасадор Кристер Аспом Протокол за спроведување на Договорот меѓу Србија и ЕУ за реадмисија на лица со нерегулирано право на престој.

Спред Стефановиќ, „тоа е нивна желба Србија да биде нивна држава“, јави Танјуг.  – Поголем број Албанци сакаат да ја признаат Србија како своја земја. Јас тоа така го толкувам, заклучи Стефановиќ.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград