СРС: Воислав Шешељ ќе биде пуштен на привремена слобода без услови

Од:

Заменикот претседател на Српската Радикална Странка (СРС) Немања Шаровиќ изјави за Б92 дека Воислав Шешељ ќе биде пуштен на привремена слобода без услови.

Според Шаровиќ, претседателот на СРС во телефонски разговор потврдил дека устно е информиран за одлуката за пуштање на привремена слобода.

– Според изјавата на Шешељ, не постојат никакви услови за неговото пуштање на слобода, што тој го толкува како исполнување на сите негови претходно поставени барања на Хашкиот трибунал, изјави Шаровиќ.

Хашкиот трибунал во образложението на одлуката за привремено пуштање на слобода, наведува дека сите услови се наоѓаат во таен анекс.

– Шешељ се враќа како што замина за Хаг, како слободен човек и ние ќе му приредиме голем дочек, изјави Шаровиќ.

Хашкиот трибунал претходно денеска донесе одлука за привремено пуштање на слобода на Воислав Шешељ, откако владата на Србија даде гаранции за тоа.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он