Српското Собрание го изгласа Договорот за основање Транспортна заедница на земјите од Западен Балкан

Од:

Денеска во српското Собрание беше изгласан Договорот за основање Транспортна заедница за земјите од Западен Балкан, а со тоа се овозможува и Белград да биде седиштето на Секретаријатот на организацијата.

Целта на договорот е создавање на Транспортна заедница која ќе овозмои нова перспектива на инфраструктурното поврзување на Балканот во патниот, железничкиот, водениот и поморскиот сообраќај, побрз промет на стоките, како и развој на мрежи помеѓу ЕУ и земјите потписнички од Југоисточна Европа.

Договорот за основање на Транспортната заедница е потпишан од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.

На 7 декември ќе се одржи министерски совет, на кој што српскиот министер Зоран Михајловиќ очекува да се изгласа седиштето на Секретаријатот на Транспортната заедница да биде во Србија.

При посетата на македонскиот премиер Зоран Заев на Србија, тој најави дека Македонија ќе ја поддржи Србија за седиштето да биде во Белград, а Србија ја поддржа Македонија да биде домаќин на Самитот за дигитализација во 2018 година.

Би можело да ве интересира

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за Македонија и земјите од Западен Балкан

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Сијарто: Санкциите за НИС не се проблем само за Србија, туку за цела Централна Европа, Унгарија е подготвена да помогне