Министерството за внатрешни работи на Србија упати важен апел и предупредување до сите сопственици на оружје да го чуваат оружјето заклучено во сефови или плакари, за да биде недостапно за неовластени лица, особено за деца.
„Исто така, ги повикуваме сопствениците на оружје да проверат дали го чуваат оружјето испразнето, односно одвоено од муниција“, се наведува во соопштението на Министерството.
Се додава дека припадниците на Министерството за внатрешни работи во наредниот период ќе ги преземат сите мерки со директна контрола на адресата на регистрираното живеалиште на сопственикот на оружјето, дали сопствениците на оружјето го чуваат оружјето во согласност со важечките прописи за оружје.