Српското МВР предупреди дека постојат групи кои ќе се обидат да ги спречат изборите во недела

Од:

Срспкото министерство за внатрешни работи (МВР) и Безбедносно-информативната агенција (БИА) имаат информации дека за изборниот ден во недела се подготвуваат повеќе групи мотивирани и организирани од политички партии, но и од странски фактор кои ќе се обидат да ги компромитираат и да го спречат одржувањето на изборите, јави дописникот на МИА од Белград.

-Имаме информации дека ќе се обидат да упаднат во избирачки места, да кршат кутии, да покажат фалсификувана изборна документација и за тоа ќе бидат подготвени и организирани, и значително ќе им помогнат многу служби о д нашето опкружување, изјави минитерот на полицијата, Александар Вулин на вонредна прес конференција.

Вулин кажа дека уште од сега постојат списоци на криминалци кои треба да влезат во Србија и да помогнат во спречување на нормалното одржување на изборите.

-МВР, БИА и целиот безбедносен апарат на оваа држава нема да дозволат така да помине изборниот ден и нема да дозволат никој да си поигрува со слободно изразената народна волја. Ги предупредуваме оние што го организираа ова, оние што го планираат ова, дека знаеме каков е планот и организацијата, декаа знаеме кој треба да им помогне и дека би било многу подобро да се откажат, посочи Вулин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија