Српските студенти порачаа: „Нема да одиме за совет во Москва“

Од:

Претставници на студентското движење „Студентска листа“, кое дејствува преку пленуми на неколку универзитети во Србија, за време на престојот во Берлин изјавија дека „сигурно нема да се осврнат на Москва“ во своите насоки за надворешна политика.

Според информациите објавени на порталот „Нова.рс“, кои се повикуваат на извештај на „Дојче Веле“, претставници на три универзитети – од Белград, Нови Пазар и Ниш – учествувале во дискусија зад затворени врати во Берлин. Во текстот се наведува дека за време на разговорот било нагласено: „Ова ни е трет пат во Берлин. Бевме во Брисел, но сигурно нема да одиме во Москва за совет“.

Според објавените информации, учесниците во Берлин разговарале со претставници на меѓународни институции и медиуми, а дискусијата била затворена за јавноста.

Изјавата дека „нема да одат во Москва за совет“ во политичка смисла претставува недвосмислено дистанцирање од каква било форма на соработка со Русија, што во сегашниот меѓународен контекст има силно симболично и политичко значење.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јованиќ: ВБА бараат мигрант за кој постои сомневање дека го постави експлозивот во близина на гасовод во Кањижа

Горан Наумовски

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Над 40 тони необележани јајца од Србија уништени на Дрисла

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

Уапсен стружанец кој прегази пешак во Србија, бегал 320 километри

Катерина Ѓуровски

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани, 17 беа лекувани во Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја

Катерина Ѓуровски