Српскиот претседател ќе отповика 33 амбасадори

Од:

Србија планира во следните три месеци да отповика 33 свои амбасадори, што е речиси половина од вкупниот број српски дипломати во светот, објавија српските медиуми.

Мандатот на една третина од тие дипломати истекува во следните неколку месеци, но отповикувањето на другите најверојатно е резултат на политичка одлука на новата власт.

Покрај амбасадорите во Москва и во Париз, кои претседателот Томислав Николиќ веќе ги отповика, решенија им се врачени и на амбасадорите во Вашингтон, во Берлин и во Лондон, чии мандати наскоро истекуваат.

Околу 20 дипломати ќе се вратат во Србија пред да им истече мандатот, меѓу кои се амбдасадорите во Рим, во Туриција, во Тунис, во Азербејџан и во Словачка. Амбасадорот во Турција, Душан Спасоевиќ е поранешен советник на лидерот на Демократската партија Борис Тадиќ. Додека другите амбасадори беа именувани од партијата на Тадиќ.

Последната голема чистка во српската дипломатија беше во 2004 година, кога Вук Драшковиќ го смени Горан Свилановиќ на функцијата министер за надворешни работи. Тогаш беа сменети 14 амбасадори.

Би можело да ве интересира

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија