Српскиот премиер Александар Вуќиќ во посета на Косово

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска ги повика Србите од Косово да не ги продаваат своите имоти и им порача дека државата ќе остане со нив и ќе им помага, пренесува Танјуг.

Вучиќ денеска го посети селото Пасјане  и во него отвори породилиште. Ова е прва посета на српски премиер на овој регион на Косово од 1999 година.

– Владата на Србија  не ве заборави и никогаш нема да ве заборави. Имаме намера и тука, како и во Грачаница и Косовска Митровица, да отвориме свои канцеларии, изјави српскиот премиер пред неколку илјади граѓани, кои го пречекаа со овации и српски знамиња.

Вучиќ истакна дека е неопходно поголемо присуство на српските институции во Косово, како и поголемо инвестирање.

– Наша работа е да ви обезбедиме патишта, да ви обезбедиме работа,
рече тој.

Отворајќи го породилиштето, српскиот премиер рече дека во Косово се раѓаат  најголем број деца во Србија.

– Тоа е нашата лулка и никој нема да не спречи децата тука да продолжат да се раѓаат, рече тој.

Српскиот премиер истакна дека Владата на Србија сака да има  мир и стабилност и рече дека Србите треба да имаат добри односи со соседите Албанци.

Во посетата на Косово заедно со српскиот премиер се и министерот за одбрана на Србија,  Братислав Гашиќ, министерот за  правда,  Никола Селаковиќ, министерот за внатрешни работи,  Небојша Стефановиќ, министерот за здравство, Златибор Лончар, и министерот за труд  Александар Вулин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда