Српскиот патријарх Иринеј поддржува промена на името на СПЦ

Од:

Српскиот патријарх Иринеј порача дека ја поддржува идејата на официјалното име на Српската православна црква да и се додаде одредницата Пеќка патријаршија, но тој нема да се пресели на Косово.

– Патријархот не може да се пресели во Пеќ, Белград сепак е административен центар. Пеќ останува како историја за нашето минато каде биле патријарсите, архиепископите и без оглед на тоа што било, Пеќ останува историски центар на нашата црква. Сето она што придонесува да се зачува историјата, поврзаноста на нашата црква со Пеќ и Косово, ние го прифаќаме, рече патријархот.

Иринеј нагласи дека промената на името е многу добар предлог и оти би сакал тоа да се прифати. Покрај промената на официјалниот назив, новиот предлог за уставот на СПЦ носи многу новини. Предвидено е првиот човек на СПЦ да се вика ариепископ пеќки, митрополит белградско-карловачки и патријарх на српските и поморски земји. Во изработката на новиот устав на СПЦ била вклучена специјално формирана комисија, со која претседавал митрополитот Амфилохије, а нацртот е испратен до сите архиепископи.

Српскиот весник „Новости“ завчера објави дека официјалниот назив на Српската црква ќе биде Српска православна црква – Пеќка патријаршија, а процедурата за избор на патријарх ќе биде поедноставена и тој ќе се бира со тајно гласање со обврзно двотретинско мнозинство владици.

Досегашната пракса на „апостолска жрепка“, случаен избор на еден од три коверти со имиња на кандидатите, се укинува.

Тоа се најважните новини предвидени со предлогот за нов Устав на СПЦ. Според новиот устав на СПЦ, 13 епархии ќе станат митрополии, а новиот устав најверојатно ќе биде усвоен на седница на Светиот архиерејски собор во средината на мај.

Со промените се објаснуваат желбите да се зајакне врската со нејзиното историско средиште во Пеќката патријаршија, но и со Косово каде има дел на нејзина јурисдикција, наведе весникот.

Би можело да ве интересира

Поглаварите на МПЦ – ОА на СПЦ ќе одржат заедничка литургија во Охрид

Катерина Ѓуровски

Поглаварите на МПЦ и на СПЦ во Охрид ќе одржат заедничка архиерејска литургија

Ана Ололовска

ПОА на Вранишковски ќе се интегрира во Синодот на Македонската православна Црква – СПЦ донесе одлука

Почнува Соборот на СПЦ, теми Косово и македонското прашање

Ана Ололовска

Патријархот на СПЦ Порфириј устоличен во Пеќката патријаршија

А1он

Српскиот патријарх му додели Орден на Орбан: Тој се залага за христијански вредносен систем кој извира од Евангелието

А1он