Српскиот амбасадор во НАТО се убил поради тешка болест

Од:

Амбасадорот на Србија во НАТО Бранислав Милинковиќ се самоубил бидејќи неодамна дознал дека боледува од тешка болест, со што не можел да се помири.

Ова во интервју за српски „Телеграф“ го тврди неговата сопруга Сања, која исто така е во дипломатска мисија во ОБСЕ во Виена. Според неа, нејзиниот сопруг при последната средба на почетокот на овој месец, рекол дека не може да живее живот недостоен за човек.

Наводно, станувало збор за болест што бара макотрпно лекување и неизвесен исход, а Милинковиќ не можел да се помири со тоа дека нема да биде во состојба нормално да ја извршува функцијата.

Тој за болеста дознал неколку дена пред самоубиството и тоа го изменило до непрепознатливост. Сања, иако шокирана од веста за болеста, се обидела да му помогне, преку скајп разговарале и за алтернативни начини за лечење, дури и договорила средба, но тој пред да треба да почне со третманот самиот се откажал без збор. Милинковиќ се самоуби завчера со фрлање од паркингот на аеродромот во Брисел додека ја чекал српската делегација.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он