Српски војник загина во Либан

Од:

Припадникот на српските вооружени сили, вишиот водник Милован Јовановиќ, почина од повредите здобиени при ракетен напад врз база на Обединетите нации во Либан, каде што е распореден дел од српскиот контингент во мировната мисија, објави РТС.

Според соопштението на Министерството за одбрана на Србија, Јовановиќ бил тешко ранет при ударот. Првично му била укажана медицинска помош во болницата во базата, по што со хеликоптер бил пренесен во Универзитетскиот медицински центар во Бејрут. И покрај напорите на лекарите, тој починал околу 4 часот наутро по локално време.

Во нападот биле повредени и уште двајца припадници на мировните сили на ОН – еден војник од Ел Салвадор и еден од Шпанија.

Министерот за одбрана Братислав Гашиќ и началникот на Генералштабот на српските вооружени сили, генерал Милан Мојсиловиќ, упатија телеграми со сочувство до семејството на починатиот војник.

Би можело да ве интересира

Захарова: Србија е вовлечена во конфронтација со Русија

Нетанјаху: Нема да гласаме за прекин на огнот со Либан сè додека Хезболах не прифати услови

Горан Наумовски

Кац: Израел продолжува со воените операции во јужен Либан и покрај прекинот на огнот

ИРГК: Нема мир додека Израел не се повлече од Либан

Москва: НАТО сака да ја потчини Србија и ги засилува напорите да ја привлече во својата орбита

Кошта: ЕУ е најважниот партнер на Србија, вратите на Унијата се отворени