Српски студенти од Украина: Сакаме дома, тенкови и авиони се околу нас

Од:

Само стотина метри од нашиот студентски дом секојдневно се одржуваат собири на проруски демонстранти, а околу нашата зграда има вооружени војници, кои не штитат. Иако сите се обидуваат да живеат нормално, ситуацијата воопшто не е таква. Напнато е и само сакаме да завршиме со студентските обврски и што поскоро да се вратиме дома.

Вака за „Новости“ ја започна својата приказна Драгана Ристиќ , српска студентка во Луганска, град на исток на Украина. Таа е студенка, трета година по соло пеење на Универзитетот „Тарас Шевченко“.

Драгана вели дека ситуацијата на улиците, каде што нема демонстрации изгледа нормално, но не е така.

-Никој не сака да ни каже, колку навистина е опасно ова што се случува. Но, повеќе по предавањата не ни дозволуваат да останаме на факултетот за да вежбаме, туку не советуваат веднаш да заминеме дома. И работното време на факултетот е намалено. Според тоа, јасно е дека не сме целосно безбедни-раскажуваа таа.

Демонстрациите вели дека траат во текот на цела ноќ, но нема немири, туку само се слушаат руски националистички песни.

Милан Цониќ, исто така студент, на четврта година вели дека демонстрантите поставиле барикади од автомобилски гуми, бодликава жица и шипки.

-Направија нешто слично на мало село. Внатре се влегува само од три места, а секој влез го контролираат радари, за да некој не внесе оружје. Во центарот на таа импровизирана населба стои крст, на кој се молат. Тука подготвуваат и храна. На влезот на градот се наоѓаат тенкови, а над нас постојано летаат авиони, сепак не стравуваме многу-рече Милан.

Во Луганска како што пишува „Блиц“ има 47 српски студенти. Во вторник 39 од нив, со воз ќе тргнат кон Србија, а останатите ќе чекаат да завршат со последните испити.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Блинкен: Треба да притискаме посилно врз Северна Кореја, Кина и Иран

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина