Српски Робин Худ, крадел пари од банкомати и делел на сиромашни

Од:

Чувар на трезор на една српска банка во саботата самиот се пријавил во полициска станица и признал дека во изминатите неколку месеци, додека работел на полнењето на банкоматите, украл 11.290.800 српски динари, а парите ги поделил на сиромашните.

Тој за неколку месеци од банкоматите кои ги полнел, украл сума на пари, која за краток рок се искачила на 11 милиони динари.

Дел од парите тој задржувал за себе, но вели дека тие пари повеќе ги нема. Останатиот дел од парите, наводно ги делел на сиромашните.

Полицијата не верува во неговата изјава и моментално истражува каде ги има сокриено парите. Не се знае точно зошто мажот се пријавил во полицијата, но претпоставките се дека интерната контрола го открила и му предложила сам да се пријави.

Би можело да ве интересира

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија