Српски град забрани да се чува повеќе од едно милениче по домаќинство

Од:

Наспроти бурните реакции во јавноста и противењето на активистите, локалните власти во српскиот град Пожаревац на 11 февруари сепак го усвоиле контроверзниот нов пропис со кој се забранува чување на повеќе од едно домашно милениче во секој стан во градот, пишуваат медиумите.

Тие посочуваат дека одлуката уште тогаш е објавена во службеното гласило на општината, но дури минатата недела била поставена на нејзината веб-страница.

По реакциите откако беше објавен планот да се донесе таква одлука, градоначалникот на Пожаревац, Саша Павловиќ, изјави дека ќе ја преиспита и најверојатно ќе ја измени и дополни. Сепак, одлуката беше усвоена според првичниот план.

Здруженијата за заштита на животните изразија негодување, а дел од нив најавија секакви форми на притисок за да спречат градските власти да ја спроведат спорната одлука. Тие бараат да се донесе „похуман пропис во склад со дебата која ќе вклучи експерти и заштитници на правата на животните.

Најмногу револт предизвикаа одредбите со кои се ограничуваат сопствениците на становите да можат да чуваат само по едно куче или мачка и подмладок до три месеци. Луѓето кои имаат имот поголем од пет ари ќе можат да чуваат по три животни од двата вида.

Во заеднички двор, кучиња и мачки може да се чуваат само со согласност на сите станари, а во селските домаќинства во рамките на општината Пожаревац, новиот пропис дозволува најмногу до пет кучиња и пет мачки.

Би можело да ве интересира

Експлозија во воената фабрика „слобода“ во Чачак, двајца повредени

На фарма во Србија е пронајдена шпионска опрема и опасни материи

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

Србија е поразенa од Шпанија со 3:0

Нов земјотрес во Србија

Горан Наумовски

Србија: Курти шири дезинформации