Српската Влада донесе одлука за изземање од забрана за извоз на прехранбени производи од органско порекло

Од:

Владата на Република Србија на денешната седница усвои дополнување на одлуката за привремена забрана за извоз на основни земјоделски и прехранбени производи значајни за населението, со која од забраната за извоз се изземени прехранбените производи од органско потекло, јави дописникот на МИА од Белград.

– Имајќи ги предвид малите површини каде во Република Србија се одвива органско производство – сектор кој сè уште се развива во Србија, како и фактот што овие производи првенствено се наменети за извоз, се проценува дека ослободувањето од постојната забрана не го загрозува домашниот пазар и прехранбената безбедност на населението, се наведува во соопштението на Канцеларијата за соработка со медиумите на српската Влада.

Прехранбени производи од органско потекло се оние кои се произведуваат на органски, природен начин, поточно без употреба на вештачки средства во производниот процес – пестициди, хербициди, вештачки минерални ѓубрива и разни хемикалии и без употреба на ГМО (генетски модифицирани организми).

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Намалени и извозот и увозот, трговскиот дефицит до ноември лани 2,9 милијарди евра

А1он