Српската полиција уапси 28 хрватски навијачи

Од:

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ соопшти дека полицијата на автопатот Белград-Ниш запрела повеќе од 400 хрватски навивачи, кај кои при контрола пронашла поголем број дрвени и метални палки, неколку секири, како и помало количество на наркотици.

– Во полициските станици во Ниш и во Гроцка спроведени се 32 навивачи, кои ќе бидат предадени на судиите за прекршоци. Полицијата кај некои од навивачите пронајде и стока која е украдена на една бензинска станица на автопатот кај Врчин или поточно цигари, пијалак и играчки со акцизни марки на Република Србија, изјави Стефановиќ за РТС, кој објасни дека заради дивеењето на бензинската станицача ќе бидат задржани 28 навивачи.

Тие ќе бидат обвинети за непристојно, дрско и безобзирно однесување во група, за што е предвидена затворска казна од 30 до 60 дена.

Повеќе стотици хрватски навивачи патуваа преку Србија за Софија, каде вчера фудбалскиот клуб Хајдук од Сплит играше реванш натпревар од 2-то коло на квалификациите за Лигата на Европа против клубот Славија, победувајќи со резултат 3:2.

Навивачите го сториле инцидентот на пат кон Софија пред натпреварот, а приведени се при нивното враќање преку Србија за Хрватска.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени