Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Од:

Полициската управа во Нови Сад соопшти дека трага по лицата чии фотографии се објавени поради сомневање дека извршиле кривични дела насилничко однесување и нанесување тешки телесни повреди.

Се сомнева дека мажите од фотографиите биле на улица вчера, околу два часот по полноќ.

Апелираме граѓаните кои ги препознаваат осомничените или имаат информации за нивното место на живеење и движење да се јават на следните телефонски броеви: 192 или 064 892 4055“, се вели во соопштението.

Еден од студентите изјави дека биле нападнати додека излегувале од клубот и дека ја пееле песната „Кој не скока, тој е чаци“.

Студентите изјавија дека нивниот колега има скршеница на вилицата, додека за друг има сомнение дека има внатрешно крварење.

Српското МВР соопшти дека работи на расветлување на инцидентот, наведувајќи дека еден од тешко повредените студенти дал изјава за инцидентот во петокот вечерта и дека целиот случај, според министерот, „добил политичка конотација, иако воопшто не била спомната кога бил пријавен инцидентот“.

„Полицијата знае кои се напаѓачите од синоќешниот инцидент во Нови Сад, но молчат. Затоа од денеска преминуваме во целосна самоодбрана од режимот“, напиша на социјалните мрежи Мариника Тепиќ, потпретседател на Партијата за слобода и правда.

Би можело да ве интересира

Уапсен стружанец кој прегази пешак во Србија, бегал 320 километри

Катерина Ѓуровски

Пленковиќ: Пристигнува најголемата енергетска криза во поново време

Анкета: Огромно мнозинство Хрвати сметаат дека нападот врз Иран не е оправдан

Предраг Петровиќ

Го убија, пренесоа и го запалија неговото тело во близина на Сплит, поднесено обвинение

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани, 17 беа лекувани во Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја

Катерина Ѓуровски

Милановиќ: Србија набавува офанзивно оружје и тоа ме загрижува, ние купуваме како овчари

Катерина Ѓуровски