Српска Република не е исто што и Република Српска

Од:

На Милорад Додик ова му е прв референдум, а второ референдумско прашање: тоа третото за сецесијата на Република Српска, која ја ветува за 2018 година, воопшто не зависи од него

Ослобоѓење – Сараево

Alea acta est – Коцката е фрлена. Цезар го помина Рубикон и влезе во Рим, а на Милорад Додик ова му е прв референдум, а второ референдумско прашање: тоа третото за сецесијата на Република Српска, која ја ветува за 2018 година, воопшто не зависи од него, туку од ставот на меѓународната заедница, пред се од Западот кон Додик и неговиот прв одржан референдум.

Тука е важно да се наведе и да се повтори дека сите акции и реакции на САД, Западот и меѓународната заедница во БиХ од 1992 година до денес се неискрени, ненавремени, непримерни, нецелосни, некомпетентни, неефективни, неефикасни, некои погрешни и промашени, а сите одлуки и активности беа со задоцнување.

Русија и Србија

За разлика од Западот и меѓународната заедница, Русија и Србија согласно со своите политички цели и интереси, преку РС во БиХ делуваат промптно, ефективно и ефикасно во своја корист, на штета на Босна и Херцеговина.

Да не е така, зарем би се случило следното: „Би потсетил на еден настан кој се случи кон крајот на август (еден месец пред референдумот), тоа беше заедничка полициска вежба на Србија и Република Српска на границата меѓу БиХ и Србија. На крајот на таа вежба претседателот на Србија рече дека сите нејзини учесници мислат како еден, дека во срцето се чувствуваат како еден и дека така треба да се однесуваат. Иако тоа беше полициска вежба, тој ја оцени, како што кажа, со војничка оценка, многу добро. Значи, на врвот на државата имате актери кои зборуваат, можеби не толку брутално, идентични работи кои ги изговара министерот за надворешни работи. Тој не е никаков исклучок. Како и во 90-те, така и денес, БиХ е држава која се потценува, држава чие постоење практично не се признава”, искрено и чесно забележува Дејан Илиќ.

Немања Стјепановиќ вели: „А кога станува збор за односот кон БиХ, Дачиќ кон неа се однесува со најголемо понижување. Секако дека Дачиќ не е единствен кој користи агресивна реторика. Се создава ситуација во која се произведуваат непријатели. Следниот чекор е одбрана на српскиот народ, што всушност е модел кој го користеше Милошевиќ пред судирите во Југославија. Прво ќе произведеме непријатели во регионот, на Србија и на меѓународната заедница, а потоа следи приказна за одбрана на српството и Србија. Тој збор одбрана на Србите и Србија го користи и премиерот Вучиќ”.

Бидејќи Србија според тезите на Војислав Шешељ, Дејан Илиќ, но и опозицијата на власт има само едно лице, Александар Вучиќ, тоа што го изјавуваат министрите Ивица Дачиќ, Александар Вулин, Марко Ѓуриќ, Небојша Стефановиќ и политичките питбули Немања Кустурица, Никола Селаковиќ и Милован Дрецун, тоа е Алтер его – второто јавно Јас на Александар Вучиќ. Всушност, се што изјавува Вучиќ и зборува е во функција да го сокрие тоа што го мисли и има намера да го направи, а наведената седумка ги претставува медиумските јавачи на апокалипсата. Затоа ставот на Владата на Србија наспроти референдумот во РС целосно е подол, лицемерен и лажен.

Таквиот однос има далечни и длабоки внатрешни и надворешни корени. Бидејќи во општествената политичка и државна реалност ништо не може да се сфати, објасни и да се разбере без именување и дефинирање, да почнеме по ред. Де факто Србија никогаш не ја признавала и почитувала БиХ како земја и држава: „Впрочем, Босна од секогаш била и ќе биде стратешка цел на Србија. Територијално ширење е фикс идеја на сите српски владетели уште од Немањиќи. Од таа цел не се откажуваат. Зарем за тоа не зборуваше претседателот на САНУ Владимир Костиќ? Да се откажеме од Косово, порача, тоа е изгубено, да се свртиме кон Република Српска. Неодамна на еден затворен состанок Борис Тадиќ го повтори тоа. Поради сето ова во добар дел ја обвинувам ЕУ, нејзината пасивност”, пишува Душан Богдановиќ.

Ни де факто ни де јуре Србија не ги признава Србите во БиХ како политички субјект кои својот идентитет, дигнитет, веродостојност и политички субјективитет го бараат во државата Босна и Херцеговина, туку ги третира како погонско гориво во проектот за остварување на голема Србија, во која „Босна е српска Спарта, Црна Гора второто око во главата, Косово најскап српски збор, а Македонија е јужна Србија. Хрватите и Словенците се нешто друго, па ако сакате и босанските Турци (Бошњаци), а Србите од БиХ треба сите да одат на фронт, а не да се бават со политика. А што друго да прават. – Ние (Србија) се грижиме и мислиме за сите Срби, а тие треба да слушаат. Право да ви кажам, помалку ги мразам од Хрватите… ние не би знаеле што да правиме да ја нема Србија. Ние од нив создадовме Срби, изјави во далечната 1920 година претседателот на владата на Кралството на СХС, Миленко Весниќ.

Проблемот на сите проблеми и прашање на сите прашања е што Србите во БиХ во мнозинство се согласија да бидат слуги и заложници на идејата и проектот за голема Србија, а не рамноправи и слободни, политички субјекти на БиХ. За жал, не се осамени. Како што забележува Дејан Илиќ: „Секако, српските политичари не се осамени во тоа, бидејќи и политичарите во Хрватска, за жал и Зоран Милановиќ, имаат ист таков однос кон БиХ. БиХ и понатаму се гледа како потенцијален плен”.

Непобитен доказ на оваа теза е стратешкото сојузништво на релација Додик-Човиќ кое само е продолжеток на оската на тандемот Караџиќ-Бобан, Милошевиќ-Туѓман и Цветковиќ-Мачек. – За жал, хрватскиот политички корпус во БиХ, посебно Човиќ, последните месеци се повеќе станува активен фактор во играта на Додик за растурање на БиХ. Таа политичка групација само наизглед е пасивна, или можеби сака да создаде впечаток на пасивност, иако всушност се појасно ја подрржува политиката на претседателот на РС, тврди проф. Жарко Ковач.

Ланец на несреќи

За жал, бидејќи ниту една несреќа не доаѓа сама, а сите се различни и трагично интересни, така и Србија, како Република Српска за неа, е поданички врзана за Русија. Основата на политичката филозофија на Никола Пашиќ: „Господ, Народот и Русија“, ја услови политичката пракса кај Србите наназад 150 години, политичката слобода и сенационалното обединување на Србите на Балканот во една народна држава со народна самоуправа и водено од народна партија – Радикална.

Сите политички партии од тогаш во Србија во програмите имаат политичка слобода и национално ослободување со неограничено потпирање на Русија, а ниту една никогаш немала комплетна, конкретна и компетентна програма за стопански, економски, индустриски и технолошки развој. Наместо програма за економски развој се појде во освојувачки војни.

Еве како сликата на Србија наназад 200 години ја гледа еден од најдобрите, најпознатите, најхрабрите и најобразуваните новинари на просторите на поранешна СФРЈм Бора Кривокапиќ, по повод промоцијата на книгата на Латинка Петровиќ: „Доминантна и несакана елита”, на 10 октомври 2015 година во Белград. Под името „Србија – демонска република Русија”, Ослобоѓење го пренесе текстот на Бора на 17.10.2015 година. Еве делови од тој текст:

„Книгата на Латинка Перовиќ е најцрн можен биланс на српската кал и крв, како што го детектираше проколнатиот неимар Богдан Богдановиќ. Историски резултат во кој немилосрдно и гадно се удавени пет-шест Срби, два века и две Југославии, безмалку 10 генерации, неколку милиони човечки животи, архипелази на младоста, идеали, сонови. Со кулминација на кумулативната големосрпска мизерија: галаксија на злосторот токму од вчера. А трае и денес. И ќе трае и утре… Со тоа ја примаме смртта! Со сите мрачни и патолошки варијации; како кон деталите, така и кон целите народи – за секогаш во српски крвав круг. Од официрскиот масакр, последните, прозападни Обреновиќи (1903) до државното убиство на либералниот прозападен премиер Зоран Ѓинѓиќ во 2003 година. Како без разлика се опеани ослободителните знамиња на Првото српско востание (Крлежа), а и знамето на историскиот, без дилеми српски антифашизам на Неретва и Сутјеска (Владимир Назор), можат да завршат и неповратно да паднат во српски нацизам (Радомир Константиновиќ) и Вуковар, Сараево и Сребреница (1991-1995), како и геноцидот (над косовските Албанци уште од 1912 година)! Не е поентата во признавањето на Латинка Перовиќ и за исклучителниот истражувачки дострел на нејзините изучувања, колку што со тој дострел дијагнозата на воената, големосрпска со крајна консеквенца – меѓународно поразената и осрамотена четничко-информбировска Србија – е уште потешка и по болна. А последиците речиси сизифовски не можат да се излечат. Имено, со научната референца на Латинка Перовиќ се гледа дека српската реминесценција Русија не е колоквијална и бенигна таа фолклорната и традиционалистичка химнички словенска и пансловенска, туку дишно длабинска.

Во српската национална свест хемиски кристализирана како идејна и идеолошка, како папочна и органска. Манталитетска, но и ментална. Крвна, но и родоскверна. На крај и како нераскинлива. Хемија – на инвалидска апутација на оксиген на катарза. Со тоа Србија руски се мотивира и декларира како т.н. главен народ на Балканот, а всушност се инсталира како руско-азиски инструмент во Европа. И уште по погубно, со тоа Србија, со нејзината инерција и срспкиот народ, агресорски се легитимира како анти интегративен фактор, што Србија перманентно ја бутка во судири и војни со сите околу себе, па и судири внатре во српска и внатре во самата Србија.

Таква инфективна српска „радијација на Русија” не можеше да не биде фактор, долгорочен фактор на судири и воено уништување на „државниот максимум на Титова Југославија”. Иако првите воени години Латинка Перовиќ точно ги одреди дека „Југославија е поразена од внатре”, не е во колизија со одамна пророчката реченица на Коча Поповиќ: „Хрушчов со помирувањето практично не уништи”. (Не е шега, Русија е единствена земја во светот која јавно го поддржа референдумот во РС). Од тогаш е и руското, според индексот, раслијување и интригирање на југословенското водство (и српското), на просовети и антисовети. И кога на чело на т.н. антисовети беше закован Милован Ѓилас.

Еден од водечките „антисовети” Марко Никезиќ уште во 1969 година во април, намерно достапно и на Русите случајно ум истакна: „Во оваа фаза на борба против Коминформот. Со окупацијата на Чехословачка (од СССР во 1968 година) биле запечатени шансите за реформски, значи и либерални иницијативи, тогаш на животно неподобните и во Србија и Југославија. Како што – освен на штандот на губерниската политика – Русија ни сега не стави вето на британската резолуција за српскиот геноцид во Сребреница (јули 2015 година), туку Русија со тоа саркастично (според српска замолница) го заборави ветото на европската иднина на Србија. И инаку, главната карактеристика на српската радикална политика: да се гледа најслабо или да се одбива да се види што е најочигледно. Наместо, како што се милува да се каже – соочување со минатото (а во подобра култура би се рекло денацификација), руското вето на Србија помага само во дополнителен злостор, а тоа ќе каже – во идентификација со злосторот на Србија. Како без утврдувања (и признанија) на карактерот на српските агресорски војни може да се постигне карактер на негаресивно помирување. Кога џелатите се преобразуваат во жртви. Колку поголем злостор, толку помал срам. И цинични вишоци на бесрамност.

Политичкиот реакционер, граѓанинот Достоевски сигурно не би одобрил на истоимениот писател кога напишал: – Русија е игра на природата, не на разумот. А Србија? Со тоа прашање ја затворив оваа безнадежна книга: – Или книга на смртна безнадежност. И пустинска. Кога дури ни толкава и ваква, дури и поочигледна планина на историското бесчестие не е причина за отрезнување. Навистина, може ли да се пишува српска поезија по Сребреница”.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Вучиќ од Република Српска ги повика босанските политичари: Додик и јас сме нивна тема, зошто не правите патишта и железници

Предраг Петровиќ

Се преврте чамец со мигранти на Дрина, пронајдени 10 тела, меѓу нив бебе и мајка

Додик му се закани на „американскиот функционер“ дека ќе го избрка од Бања Лука

Предраг Петровиќ

Полицијата на Србија и РС потпишаа меморандум за соработка, Дачиќ: Тоа е помош за „браќата“

Предраг Петровиќ