Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан, пред една недела бил примен во Ургантниот центар, поради, како што тогаш било соопштено проблеми со ‘рбетот.
„Ситуацијата е тешка, тој е во критична состојба и неизвесно е да се прогнозира“, пренесе Блиц.
Но денеска се огласи адвокатската канцеларија Драганиќ, која е правен застапник на семејството Ѓоковиќ, и ги замоли медиумите да не шпекулираат со така осетлива тема.
Мондо пренесува дека Срѓан Ѓоковиќ нема сепса и не е во животна опасност од извори од клиничкиот центар.
Таткото на Новак Ѓоковиќ не беше со својот син на последните два турнира, а Новак во неделата итно допатувал во Белград за да го посети во болницата.
И покрај здравствените проблеми на неговиот татко, Новак не го откажа учеството на Мастерсот во Париз, тој во среда, во второто коло ќе игра против Американецот Сем Квери.