Средба Си-Вучиќ: Кина и Србија ги поврзува „челично пријателство“

Од:

Билатералните односи, економската соработка и косовското прашање беа главни теми на денешната средба на претседателите на Кина и Србија, Си Џинпинг и Алексндар Вучиќ во Пекинг.

Како што јави Танјуг, на средбата е оценето дека Пекинг и Белград ги поврзува „челично пријателство“, при што Вучиќ му се заблагодарил на Си за „сето она што Кина го направила за Србија“.

Вучиќ допатува во Пекинг за да учествува на форумот „Појас и пат“, што го организираат кинеските власти во рамки на иницијативата „Еден појас, еден пат“.

Според најавите од Пекинг, покрај Си и Вучиќ, на форумот ќе учествуваат уште околу 40 шефови на држави или влади од целиот свет, меѓу кои и претседателите на Русија, Владимир Путин, на Португалија, Марсело Ребело де Суоса, на Чешка, Милош Земан, на Швајцарија, Уели Мурер, на Азербејџан, Илхам Алиев, на Белорусија, Александар Лукашенко, на Кипар, Никос Анастасиадес, на Чиле Себастијан Пинер и на Египет, Абдул Фатах ал Сиси.

Би можело да ве интересира

Србија: Курти шири дезинформации

Курти тврди дека Србија провоцира на граница, објави фотографии од движењето на војниците

Силен земјотрес во Србија

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Земјотрес погоди два града во Србија