Средба Борисов-Брнабиќ во Софија

Од:

Српската премиерка Ана Брнабиќ, која престојува во дводневна работна посета на Бугарија, денеска ќе се сретне со бугарскиот колега Бојко Борисов со кого ќе разговара за унапредување на билатералната соработка.

Како што соопшти прес-службата на српската Влада, акцент во разговорите ќе биде ставен на понатамошен развој на економските односи на двете земји.

По состанокот со Борисов, Брнабиќ ќе учествува на меѓународна конференција „Посилни регионални интеграции на Балканот“, заедно со македонскиот премиер Зоран Заев, премиерот на Албанија Еди Рама, претседателите на Црна Гора и на Косово, Филип Вујановиќ и Хашим Тачи, вецпремиерот и министер за трговија на БиХ Мирко Шаровиќ, како и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда