Албанскиот претседател Бајрам Бегај, на синоќешната средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис го поздравил новиот дух на соработка меѓу грчката Влада и другите авторитети со Косово и го подвлекол значењето од признавањето на независноста на Косово.
-Косово е политичка реалност и признавањето на неговата независност ќе послужи за дополнително зајакнување на мирот и безбедноста во регионот на Западен Балкан. Сакам да ги заштитам интересите на Албанците каде и да се, рекол Бегај, јави државната агенција АТА.
Осврнувајќи се на добрососедството и заедничките вредности и предизвици, шефот на албанската држава како дополнителна вредност за овие односи, рекол дека е грчкото малцинство во Албанија и на албанската заедница во Грција.
-Тие претставуваат силен, вистински и искрен мост на пријателство и соработка, за што сме подготвени да го зајакнеме и унапредуваме понатаму. Го ценам духот на разбирање и доверба во дијалогот меѓу двете влади, како на политичко, така и на ниво на експерти. Ве уверувам дека секое старо или ново прашање ќе се третира со најголема сериозност, според нормите на добрососедство и принципите на реципроцитет и во согласност на Уставот, одлуката на Уставниот суд од 2010 година (се однесува на поништувањето на договорот за морската граница потпишан меѓу двете земји) меѓународното право и како на земји сојузници на НАТО, нагласил претседателот.
На средбата Бегај, изразил благодарност за поддршката што Грција и грчкиот народ им ја даваат на Албанците во тешките моменти по демократските промени, но и во контекст на справувањето со различните природни непогоди.
Претседателот Бегај и премиерот Мицотакис разговарале и за економската соработка меѓу двете земји и можностите за грчки капитални инвестиции во различни области од економијата.
Претходно беше највено дека Мицотакис, во текот на денешниот ден ќе посети три гратчиња, меѓу кои и Химара, на југот на Албанија, населени со прпадници на грчкото малцинство, но истата е одложена поради „неповолните временски услови за лет на хеликоптер“.
Извор: МИА