Сребреница: Првиот мешан брак помеѓу Бошњак и Србинка

Од:

Алмир Салиховиќ и Душица Рендулиќ се првиот мешан брак по настаните што се случија во Сребреница. Тие го добија нивниот син Јусуф пред седум месеци, а планираат наскоро, во мај да се венчаат.

Пред војната, бројот на мешаните бракови на оваа територија достигна високи 33%. Но, потоа немаше ниту еден.

Приказната за нивниот брак ја објави канадскиот весник „Торонто стар“ кој ги цитираше зборовите на Салиховиќ. Кога им соопштил на своите пријатели дека е во врска со девојка од српско-хрватско потекло, тие биле непријатно изненадени.

„Ми рекоа дека сум луд, дека не можам да го направи тоа, бидејќи таквиот брак едноставно нема да функционира. Ми рекоа дека тоа е рамно на самоубиство“, се сеќава тој.

Тој не ги послушал нивните зборови и заедно со својата вереничка Душица станаа симбол на скромниот напредок во поделената Босна и Херцеговина.

Алмир и Душица се запознале на пазарот во Тузла во 2010 година, додека таа била на гости во едно од соседните села, кај својата баба.
„Се сеќавам намерно испуштив едно шише млеко пред него, само за да ме забележи“, вели Душица.

„Ме забележа. Не рече ништо, само се насмева“, додаде таа.

Еден ден подоцна, тие се состанале за првпат, а по седум дена ја започнале и својата романса. Во ноември 2010. година Салиховиќ и предложил да се пресели кај него и да живеат заедно во Тузла, Сребреница, на плацот од неговата мајка.

Хуманитарната германска агенција „Habitat for Humanity“ им изградила куќа, а пред седум месеци тие го добија и својот син кој го крстија Јусуф.

Одлуката за нивниот брак не ја подржуваат сите во Сребреница, каде што припадниците на армијата на Република Српска во јули 1995 година убија околу 8.000 луѓе, според канадскиот весник.

„Да, мојот син донесе Србинка“. Тој живее со неа, но не под мојот покрив“, вели мајката на Алмир, Шефика (47) која го загубила својот сопруг за време на војната и уште 14 други членови на поширокото семејство.

„Истото би му го рекла да доведе и Канаѓанка“, додаде таа.

Снаата сепак, не се грижи за мислењето на својата свекрва, и во бракот со муслиман, гледа само предност.

„Иако сум христијанка и го сакам Божиќ, сепак ги сакам и муслиманските празници. Прекрасни се“, вели таа додавајќи дека ужива во баклавата за Бајрам.

Во Сребреница денес има речиси 12.000 жители.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина