Сребреница: Куче носеше човечка нога

Од:

Граѓаните на Сребреница беа сведоци на стравична глетка кога куче скитник, на сред ден одеше со необичен плен во устата.

Откако кучето се приближило до мештаните тие забележале дека во забите држи дел од човечка нога. Тие почнале да викаат, а кучето избегало но подоцна го фатиле и совладале.

Жителите на Сребреница виделе дека се работи за човечка потколеница, а на стапалото имало и една чорапа. Не чепкале ништо и веднаш повикале полиција.

Дежурната екипа веднаш дошла и на асфалтот пронашла човечка нога, прилично глодана, така што во најголем дел имало само коска. Веднаш почнала претрага на теренот, но немало резултати.

Во Сребреница подолго време не е пријавено самоубиство или пак исчезнување на некое лице што би довело до некаква трага од каде кучето ја нашло ногата.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина