Србите од Косово не прифаќаат создавање косовската армија

Од:

За косовските Срби е неприфатливо создавањето на Армија на Косово, изјави градоначалникот на Северна Косовска Митровица, Горан Ракиќ, оценувајќи дека таквиот чекор е спротивен на Бриселскиот договор постигнат меѓу Белград и Приштина.

– Србите од Северот ги поздравуваат најавите на Приштина дека за формирањето на вооружени сили ќе решаваат дури по изборитеи, изјави Ракиќ за белгардскиот весник „Вечерње новости“.

Според него, иако Приштина е под „евидентен притисок“ да го пролонгира формирањето на вооружени сили на Косоово, има мали шански дека косовските власти ќе се откажат од таквите планови.

– Во секој случај, за нас тоа е неприфатливо, а кога (вооружените сили) ќе бидат и формално основани, ние ќе решиме за нашите идни чекори, додава Ракиќ.

Косовските власти вчера најавија дека Собранието на Косово во сегашниот состав најевројатно нема да решава за измени на Уставот во делот на формирањето на вооружени сили и дека таа тема ќе биде ставена на дневен ред дури по изборите, што треба да се одржат во текот на оваа година.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица