Србите од денеска ги бојкотираат хипермаркетите

Од:

Српските граѓани од денеска почнуваат со бојкот на хипермаркетите низ државата поради зголемување на цените на основните животни намерници, на повика наНационалната организација на потрошувачи на Србија.

За денеска најавен е бојкот на хипермаркетите на “Макси“ и “Темпо“, утре Србите нема да пазарат во “Идеа“, а во четврток во “Меркатор“ и “Меркатор роду“.

“Повикот на бојкот на хипермаркетите ќе биде применет на сите големи трговски ланци, кои безкруполозно, зголемувањето на ДДВ-то го искористија цените на артиклите за широка потрошувачка без причина и значително да го зголемат, вклучувајќи ги основните животни намерници на кои стапката на ДДВ остана непроменета“, се наведува во соопштението на организацијата.

Организацијата обвинува дека маркетите направиле картелски договор со што си овозможиле зголемување на цените и до 30 отсто, што претставува дополнително оптоварување за и онака нискиот стандард на Србите, додавајќи дека ова е доказ големите трговски ланци не бираат средства за да остварат профит.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија