Србите од Косово денеска го блокираа регионалниот пат Штрпце – Урошевац по ранувањето на двајца млади Срби.
Како што наведоа, блокадата ќе трае додека не биде фатен напаѓачот на српските деца, а ситуацијата во моментов е крајно тензична.
Присутни се припадници на косовската полиција, а возило на КФОР со полски припадници е паркирано малку подалеку од блокадата, јавува Косово онлајн.
Во моментов нема членови на ЕУЛЕКС на терен.
Две српски момчиња се ранети денеска во близина на Штрпце кога локален Албанец пукал во нив од возило во движење, соопшти Канцеларијата за Косово.