Србите ги бојкотираат изборите на северот на Косово, излезноста е многу мала, Вучиќ: Обединете се

Од:

На северот на Косово денеска во седум часот беа отворени избирачките места за локални избори во четири општини со српско мнозинство, кои ги бојкотира водечката партија – Српска листа, со поддршка на официјален Белград, потврдија и првите извештаи за екстремно слаба излезност.

Изборите беа распишани откако градоначалниците на општините на север (Лепосавиќ, Зубин Поток, Северна Митровица и Звечан), сите членови на СЛ, поднесоа оставки во ноември минатата година во знак на протест против одлуката на косовската влада да ги пререгистрира автомобилите со таблички издадени во Србија со таблички Република Косово (РКС).

Речиси и да нема српски кандидати во трката за четири градоначалнички места во општините со доминантно српско мнозинство. Европската унија ги повика сите партии на воздржаност пред локалните избори во четири општини на северот на Косово, додека водечката политичка партија на косовските Срби – Српска листа (СЛ), повика на бојкот, кој беше поддржан и од српскиот претседател Александар Вучиќ.

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, ја оцени одлуката на СЛ да не учествува на изборите како многу разочарувачка, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Српската листа, сестринската партија на владејачката партија СНС на претседателот Вучиќ, им порача на гласачите дека изборите се недемократски и повика на 23 април сите избирачки места да бидат празни, а со тоа испрати јасна порака до Приштина и меѓународната заедница.

Претседателот на Србија ги повика и Србите во Косово да покажат колку се обединети, рече дека властите во Приштина не можат да ги газат и повтори дека ЕУ има обврска да ги спроведе претходните договори за кои била гарант.

На 27 февруари во Брисел, Белград се согласи со предлогот на европскиот план за Косово, а потоа на 18 март во Охрид со анексот за имплементација на тој план, но со тоа не завршија споровите меѓу двете страни за приоритетите и метод на имплементација.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија