Србин ограбил и убивал стари луѓе во Берлин: Бандити упаѓале во куќи на пензионери, ги врзувале и мачеле

Од:

Тројца мажи на возраст од 22, 23 и 37 години од српска и германска националност се уапсени во Берлин под сомнение дека при грабеж убиле маж (83) и жена (67).

Германската полиција ги расветли злосторствата од јули годинава. Според германските медиуми, се сомнева дека уапсениот имал повеќе помагачи по кои се трага.

Се сомнева дека оваа група мажи упаднала во домовите на постарите жртви, им се заканувале, ги тепале и ги врзувале, а потоа ги ограбиле. При овие грабежи се повредени неколку постари мажи и жени, а двајца се убиени, пишува германскиот портал Берлинеркуриер, а пренесува „Курир“.

Банда од овие брутални разбојници наводно убила жена (67) во нејзиниот стан во Берлин при грабеж во август. Три дена подоцна полицијата пронашла и тело на маж (83) во друг стан на првиот кат од зграда.

Би можело да ве интересира

Берлин нареди депортација на тројца граѓани на ЕУ и еден Американец

Германија испраќа војници на прагот на Русија за прв пат по Втората светска војна

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти