Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Од:

Основното државно обвинителство (ОДТ) во Подгорица им одреди мерка притвор на српскиот државјанин Е.Х. и македонскиот државјанин Б.С. во траење до 72 часа, поради основано сомнение дека во текот на ноември оваа година, на територијата на Подгорица, извршиле неколку тешки кражби со провала во угостителски, комерцијални и други деловни простории. Ова денес го соопшти ОДТ во Подгорица.

– Постои сомнение дека Е.Х. влегол во просториите и зел пари, додека Б.С. ја обезбедувал околината, по што ја поделил незаконски стекнатата имотна корист, се вели во соопштението.

Основното државно обвинителство (ОДТ) во Подгорица соопшти дека се води постапка и против Е.Х. поради сомнение за фалсификување документи.

„Кога бил уапсен, поседувал важечки лични документи на Република Србија, како и сомнителни странски документи. Исто така, било утврдено дека по него е распишана меѓународна потерница. Двајцата осомничени се приведени поради ризик од бегство“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Србин е осомничен за тешката сообраќајка со смртни последици која се случи кај Валандово

Горан Наумовски

Под притисок на ЕУ, Подгорица попушти: На Русите им се потребни визи за секој влез во Црна Гора

Земјотрес во Црна Гора

А1он

Земјотрес во Црна Гора во близина на Никшиќ

(ВИДЕО) Подгорица: Групи на маскирани млади мажи излегоа на улиците: Постојано викаа „Турци надвор“