Србин баран со потерница уапсен во Египет: Упаднал во вила во близина на рускиот конзулат во Каиро

Од:

Александар Димиќ, по кого Србија распиша меѓународна потерница преку Интерпол, е уапсен во петокот во Каиро, неофицијално дознаваат медиумите.

Тој бил приведен од полициското обезбедување на дипломатскиот објект, кога два часа по полноќ се обидел да упадне во дворот на вила, која е во непосредна близина на Конзулатот на Руската Федерација. Нему му бил одреден екстрадиционен притвор и наскоро ќе биде транспортиран во Србија бидејќи во меѓувреме му истекла и египетската виза.

Во меѓувреме, египетските власти се обидуваат да утврдат кој бил мотивот Димиќ да упадне во вила во станбена зона на Каиро, дали се работи за обид за грабеж или друг криминален чин. Инаку, египетските власти сметаат дека на Димиќ му е потребна лекарска помош.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Малолетник од Скопје шверцувал седум мигранти од Египет

Горан Наумовски

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор