Американската вселенска агенција НАСА на својата веб страница објави сателитска снимка од Европа на која се гледа голем облак дожд во чиј центар се наоѓа Србија.
Облакот дожд ја прекрива речиси цела Европа, без Шпанија и Португалија, а според снимката, најгуст е над Белград и Србија.
Поплавите во Србија во текот на ноќта ја земаа првата жртва, додека евакуирани се над 500 лица низ целата земја.
Изминатите 24 часа на територијата на Белград наврнаа околу 140 литри дожд на квадратен метар, асе очекува дека во текот на денот ќе наврнат уште околу 50 литри, што е еднавков на тримесечен просек во главниот град на Србија, изјави градоначалникот на Белград Синиша Мали.