Србија се приклучува кон Рускиот воен сојуз

Од:

Одборот за надворешни работи на Србија со мнозинство гласови ја усвои иницијативата на владеачката СНС да се формира постојана делегација на Собранието која би имала статус на набљудувач во Парламентарното собрание на Организацијата договор за колективна безбедност (ОДБК).

Одлуката е донесена една недела по посетата на потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозин на Белград, кога и му беше истото ветено од српскиот претседател. За возврат Рогозин вети дека „Србија ќе стане многу појака држава, и тоа толку јака што секој ќе мора да размисли пред да употреби оружје“.

Во српската јавност за оваа одлука немаше расправа, ниту е објаснето што значи одлуката за приклучување кон воениот сојуз на Русија и земјите од поранешниот СССР, Ерменија, Казахстан, Таџикистан, Узбекистан, Ајербејџан, Грузија и Белорусија.

Претседателот на одборот Милош Алигрудиќ рече дека со влезот на српската делегација во ОДКБ не се нарушува принципот на неутралност, туку се воспоставува уште поголема рамнотежа бидејќи Србијс е веќе во парламентарното собрание на НАТО со истиот статус на набљудувач.

Експертите го критикуваат овој потег, токму во моментот кога Србија е најблиску до ЕУ. Според нив, со влезот во рускиот воен сојуз и става прст во око на Европската Унија и дека оваа одлука може да има сериозни последици, но владеачкото мнозинство ги игнорира ваквите мислења. При посетата, Рогозин во Белград вети дека на Србија ќе и бидат испорачани противвоздушните ракетни системи S-300, но и нови авиони ловци.

Би можело да ве интересира

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он